Голден стејт Вориорс славеа победа против Филаделфија со 119:107. Ова е четвртиот пораз во низа за кошаркарите на Филаделфија на турнејата по Западната конференција.
Натпреварот во Сан Франциско лошо заврши за актуелниот МВП, Џоел Ембид. Центарот на Филаделфија, кој ги пропушти претходните два натпревари, против Денвер и Портланд, се повреди во последната четвртина.
Во борба за топка играчот на Вориорс, Џонатан Куминга, падна на левото колено на Ембид.
Од Филаделфија по натпреварот потврдија дека во четврток ќе направат магнетна резонанца за да се утврди состојбата на коленото на Ембиид.
„Утре ќе направиме магнетна резонанца. Лекарскиот тим му дозволи да игра, тој пред натпреварот изјави дека се чувствува добро“, изјави по натпреварот тренерот на Филаделфија, Ник Нурс.
Ембиид натпреварот го заврши со 14 поени со седум скока и две асистенции.
Како и да е, вечерта ја одбележа одличниот Стеф Кари, кој натпреварот го заврши со 37 поени. Кари погоди осум тројки во 13 обиди.
Џонатан Куминга додаде 26, Ендрју Вигинс 23.
За Филаделфија, Тобијас Харис имаше 26 поени со десет скока, Фуркан Коркмаз додаде 19, а Кели Убре Јуниор 15.