Кошаркарот на Орландо, Мек Мекланг испиша историја во Сан Франциско откако победи на натпреварот во забивање на Ол-стар викендот, трет пат по ред.
Ѕвездата на Џи лигата приреди извонредно шоу, постигнувајќи совршени резултати на сите четири забивања.
„Тоа е нешто што сакам да го правам. Тука доаѓа до израз мојата креативност, искрено го сакам ова натпреварување, сакам да забивам”, рече Мекланг.
Покрај Мекланг, само Нејт Робинсон победил уште три пати, во 2006 година, а потоа и во 2009 и 2010 година.
Мекланг првото забивање го изведе над автомобил, додека во последното заби преку Еван Мобли, кој ја држеше топката зад главата.
Она што беше особено интересно е што Мекланг го допре обрачот со топката пред да ја забие, воодушевувајќи ги сите.
Зад Мекланг заврши Касл Стефон од Сан Антонио, додека Матас Бузелис од Чикаго и Андре Џексон Јуниор го завршија натпреварувањето во првиот круг.