Top Sport

(Видео) Прв пораз на Денвер, Бостон го затрупа кошот на Индијана, Лејкерси победија во градското дерби

Актуелните шампиони во НБА лигата, Денвер Нагетс го запишаа првиот пораз во новата сезона. Денвер, на гостувањето во Минеаполис, доживеа убедлив пораз од Минесота 110:89. Без пораз се уште се Бостон Селтикс и Далас Маверикс, Селтикс ја прегазија Индијана со 155:104, а Далас славеа против Чикаго 114:104. Ноќта во НБА ја обележаа два интересни натпревари одирани во Калифорнија. Голден стејт Вориорс со кош во последната секунда го победија Сакраменто 102:101, а Лејкерси, по продолжението, славеа во градското дредби против Клиперс со 130:125.

Денвер, во Минеаполис, одиграа лош натпревар и заслужено се поразени. Никола Јокиќ за 30 минути забележа 25 поени, 10 скока, три асистенции и пет загубени топки. Двоцифрен кај Нагетс беше уште само Џамал Мареј со 14 поени. Ентони Едвардс со 24 и Карл-Ентони таинс со 21 поен ја предводеа Минесота.

Бостон Селтикс славеа против Индијана Пејсерс со 155:104. Славниот клуб потврди дека тоа е десетти натпревар во историјата со 150 или повеќе поени, а прв од 1992 година.

Рекорден број на поени Бостон постигнале во 1958/59, во победата против Минеаполис Лејкерс со 173:139.

Џејсон Тејтум ги предводеше сите стрелци со 30 поени и 12 скока, Дерик Вајт додаде 18, а Сем Хаузер 17 поени.

Далас немаа проблем со Чикаго. Тим Хардавеј со 24 поени, од кои седум тројки, го предводеше тимот. Лука Дончиќ одигра просечен натпревар, со лош процент на реализиција. Словенецот забележа 18 поени и 10 асистенции. Кај Чикаго се истакна Црногорецот Никола Вучевиќ со 21 поен и 20 скока.

Во Сан Франциско, Клеј Томпсон со кош во последната секунда му ја донесе победата на Голден стејт против Сакраменто 102:101.

Во Лос Анџелес Лејкерси прв пат по 2020 година ги победија Клиперси. Во продолжението клучен играч беше Остин Ривс кој во овој дел од играта постигна седум од 15 поени. Лејкерис ги предводеше Леброн Џејмс со 35 поени и 11 скока. Џејмс Харден не беше во тимот на ЛА Клиперс, во чии редови Пол Џорџ и Каваи Ленард комбинираа 73 поени.

Резултати:

Детриот Пистонс – Портланд Трејл Блејзерс 101:110
Торонто Репторс – Милвоки Бакс 130:111
Атланта Хокс – Вашингтон Визардс 130:121
Мајами Хит – Бруклин Нетс 105:109
Њујорк Никс Никс – Кливленд Кавалирс 89:95
Оклахома сити Тандер – Њу Орлеанс Пеликанис 106:110
Хјустон – Шарлот Хорнетс 128:119
Јута Џез -Мемфис Гризлис 133:109

Scroll to Top