Српскиот тренер Дарко Рајаковиќ имаше излив на гнев кон судијата на натпреварот на неговиот тим Торонто против Мемфис, поради што беше исклучен.
Избраниците на Рајаковиќ беа декласирани од Гризлис со резултат 155:126, што е деветти последователен пораз на Репторс во НБА.
Рајаковиќ беше многу незадоволен од судиските одлуки, па при резултат 125:103 во последната четвртина целосно ја загуби контролата, „го бркаше судијата по теренот.
„Свирни е.ен фаул, свирни е.ен фаул“, беснееше Рајаковиќ, за што доби две технички грешки.
Играчите и стручниот штаб се обидоа да го смират, но едвај успеаја.
"CALL THE F*CKING FOUL! CALL THE F*CKING FOUL!"
Raptors coach Darko Rajakovic exploded at the officials and was ejected during the 4th quarter vs. the Grizzlies.pic.twitter.com/DThJUnHQ4w
— ClutchPoints (@ClutchPoints) December 27, 2024
Ова е прво исклучување на српскиот тренер во НБА, но не е првпат да ги критикува судиите. За ова претходно беше казнет со 25.000 долари.
Кошаркарите на Мемфис го забележаа третиот триумф во последните четири натпревари, овојпат постигнувајќи дури 155 поени.
Го предводеа Зек Иди со 21 поен и 16 скока, Џерен Џексон со 21 поен, 11 скока, шест асистенции и три блокади и Дезмонд Бејн со 19 поени и пет скока. Џа Морант додаде 15 поени и девет асистенции.
Најефикасни кај тимот на Рајаковиќ беа Ар-Џеј Барет со 27 поени, 10 асистенции и девет скока и Скоти Барнс со 26 поени и осум асистенции.