Top Sport

(ВИДЕО) Родригез и Љуљ му донесоа нов трофеј во Евролигата на Реал Мадрид

Во неверојатно драматично финале на Ф4 турнирот во Евролигата, Реал Мадрид успеа да ја освои единаесеттата европска титула, совладувајќи го Олимпијакос со 79:78, со поените

на Серхио Љуљ на три секунди до крајот на мечот. Во последниот напад, Слукас не успеа да погоди за триумф на грчкиот тим.


Реал Мадрид беше на работ на елиминација против Партизан, „кралевите“ губеа со 2-0 во четвртфиналната серија и огромна негатива и во петтиот меч, но докажаа уште еднаш и вечерва во Каунас дека се „бесмртни“.

Искуството на Серхио Родригез и на Серхио Љуљ повторно беше пресудно.</p

Олимпијакос имаше водство од 76:72, но потоа Чачо Родригез со тројка намали на 78:77.

Мустафа Фол не го реализира последниот напад на Олимпијакос, а Реал доби шанса за триумф. Топката отиде во рацете на Серхио Љуљ, а тој не греши кога е најпотребно.


За МВП играч на Ф4 турнирот од Евролигата во Каунас е избран Волтер Таварес од Реал Мадрид.

Scroll to Top