Top Sport

(Видео) Сабонис го доби дуелот со Јокиќ, Сакраменто го раструри Денвер

Актуелните шампион во НБА лигата, Денвер Нагетс, доживеаја тежок пораз во Калифорнија. Нагетс загубија во Сакраменто со 135:106.

Без двајца играчи од стартната петорка, Мајкл Портер јуниор и Кнтавијус Колдвел-Поуп, Денвер во Сакраменто се држеше само во рвото полувреме. Во второто, домаќинот, предводен од Домантас Сабонис целосно ги надигра.

Литванецот забележа трипл-дабл со 17, поени, исто толку скокови и 10 асистенции. Сабонис го забележа 16. трипл-дабл во сезоната, има еден повеќе од Никола Јокиќ оваа сезона и во оваа категорија е најдобар во лигата.

Двоцифрен број поени кај победникот постигнаа и Малик Монк (23), Киган Мареј (17), Дирон Фокс (15) и Треј Лајлс (15).

Денвер го предводеше Никола Јокиќ, кој во еден момент во првата четвртина замина во соблекувалната поради повреда на ногата, но се врати на теренот и забележа 23 поени, осум скока и седум асистенции.

Јокиќ го следеаа Арон Гордон со 14, Кристијан Браун со 13 и Џамал Мареј со 12 поени.

Резултати:

Филаделфија – Атланта 119:124

/Убре 28 – Јанг 37/

Бостон – Вашингтон 133:129

/Татеум 35 – Авдија 24/

Торонто – Хјустон 107:104

/Квикли 25 – Брукс 20/

Милвоки – Шарлот 120:84

/Лилард 26 – Милер 16/

ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 139:122

/Расел 30 – Вилијамсон 30/

Scroll to Top