Top Sport

(Видео) Сан Антонио ја растурија Минесота, Њујорк го доби трилерот против Филаделфија

Сан Антонио со +38 го изедначија резултатот во серијата против Минесота на 1:1, додека Њујорк го одбрани домашниот терен и против Филаделфија води со 2:0.

Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Минесота со 133:95 во вториот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција на НБА лигата.

Тимбервулвс го претрпеа најубедливиот пораз досега во плејофот, кој дефинитивно ќе се обидат да го заборават што е можно поскоро бидејќи првиот од двата натпревари во Минеаполис ги очекува за два дена.

За Спарс, ова е вториот најефикасен натпревар во плејофот по дуелот со Денвер во 1983 година во плејоф серијата кога постигнаа 145 поени.

Виктор Вембањама повторно беше во свој елемент, еден од најзаслужните за спектакуларната победа со 19 поени и 15 скока, но ниту другите не заостанаа далеку.

Стефон Касл беше најефикасен со 21 поен, додека Диерон Фокс додаде 16.

„Само им кажав на момците дека не растурија“, беа зборовите на тренерот на гостите Крис Финч по непријатниот исход за неговиот тим.

Ентони Едвардс, Џулиус Рендл, Џејден МекДениелс и Теренс Шенон Џуниор постигнаа по 12 поени. Немаше светла точка во поразениот тим.

Џејлен Брансон ги предводеше Њујорк Никс до победа од 108:102 над Филаделфија и водство од 2-0 во полуфиналето на Источната конференција.

За разлика од првиот натпревар и целосната доминација на Никс, вториот натпревар донесе вистинска драма, дури 25 промени во водството и 14 израмнувања, со максимална разлика од само седум поени.

Брансон постигна 26 поени и ја презеде одговорноста кон крајот на натпреварот, погодувајќи клучни шутеви.

Тој имаше голема помош од О Џи Ануноби со 24 поени, додека Карл-Ентони Таунс додаде 20 поени, десет скока и седум асистенции.

Филаделфија играше без повредениот Џоел Ембиид, но пружи многу посилен отпор отколку во првиот натпревар. Тајрис Макси постигна 26 поени, Пол Џорџ и Кели Убре по 19.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');