Виктор Вембањама и неговите Сан Антонио Спарс ги победија Детроит Пистонс со 114:103 во ноќта помеѓу понеделник и вторник.
Сан Антонио Спарс ја забележаа деветта победа по ред на крилата на Вемабњама и се приближија уште повеќе до Оклахома на првото место на Западот, додека Детроит Пистонс остануваат на првото место на Истокот.
Вембањама го заврши натпреварот шутирајќи лошо (6/16), но на крајот имаше 21 поен, 17 скока, четири асистенции и шест блокади.
Пистонс влегоа во овој натпревар со јасна цел – да го „претепаат“ Вембањама и со тоа да го исклучат од играта, а потоа да остварат победа.
Сепак, иако Французинот шутираше многу лошо, а првото полувреме беше далеку од она што го посакуваше, Спарс добро се држеа.
Гостите од Тексас го кренаа нивото на играта во второто полувреме, стигнаа до двоцифрена предност веќе во третата четвртина, а потоа практично не ја испуштија до крајот на натпреварот.
Покрај Вемби, кај победниците се истакнаа Девин Васел со 28 поени, Џулијан Шампањ со 17 поени и шест скока и Стефон Касл со 16 поени и 11 асистенции.
На другата страна, Џејлен Дурен имаше дабл-дабл од 25 поени и 14 скока, додека Кејд Канингем постигна 16 поени и имаше шест скока и десет асистенции.
