Top Sport

Конте би можел да го преземе Наполи, пишуваат медиумите во Италија

Италијанскиот фудбалски стручњак Антонио Конте би можел да го преземе Наполи на крајот од сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Во ноември минатата година Конте преговараше со челниците на Наполи за преземање на актуелниот шампион на Италија, но не беше постигнат договор.

Раководството на Наполи потоа му врачи отказ на Руди Гарсија поради лошите резултати, а клубот од Неапол го презеде Валтер Мацари.

Конте во неделата од трибините го следеше натпреварот од 19. коло во Серија А помеѓу Торино и Наполи (3:0). Италијанските медиуми пренесуваат дека Конте наводно им кажал на навивачите на Наполи дека е подготвен да го преземе клубот од Неапол на крајот од сезоната.

Наполи моментално е на деветтото место на табелата со дури 20 бода помалку од првопласираниот Интер.

Конте (54) моментално е без ангажман, бидејќи беше отпуштен од Тотенхем на крајот на март 2023 година. Претходно беше тренер на Интер, Челзи, Јувентус, Бари, Сиена, Арецо и италијанската репрезентација.

Претходно се зборуваше дека Конте може да го преземе и Милан, но токму сега Наполи е прв во трката.

Scroll to Top