Top Sport

(Видео) Селтикс во луда драма ги победија Мајами и се вратија од 0-3 на 3-3!

Бостон селтикс ќе се обидат да станат првиот тим во историјата на НБА лигата кој се вратил од 3-0 негатива за да ја добијат финалната серија на Истокот, откако со поени во последната секунда стигна до драматична 104:103 победа над Мајами хит.

Селтикси беа пред елиминација кога Џими Батлер ги погоди сите три слободни фрлања за 103:102, но со неверојатна завршница, по обидот на Смарт во кој топката излезе од обрачот, Дерик Вајт со офанизвен скок ја запечти неверојатната победа.

Ова беше луда завршница во меч во кој двата тима играа до максимум, но Бостон успеваше да оддржи минимална предност во текот на целиот меч, пред во последната четвртина да дојдат на 10 пони предност. Но, Хит, предводени од Батлер се вратија во игра и израмнија во последната минута.

Тејтум со 31 поени беше најдобар кај Селтикс, Браун уфрли 26, додека кај Мајами, Батлер беше најефикасен со 24 поени. „Мајсторката“ се игра во Бостон ноќта помеѓу понеделник и вторник во 2:30 часот.

Scroll to Top