Ноќта во НБА лигата со 11 натпревари ја обележа трилер завршницата во Индијанаполис. Индијана Пејсерс по едно продолжение ги победија актуелните шампиони Бостон Селтикс со 135:132. За Селтикс ова е прв пораз во новата сезона.
Џејсон Тејтум со тројка во финишот обезбеди дополнителни пет минути за актуелниот шампион, но домашните на крајот малку подобро се снајдоа.
Паскал Сијакам беше херојот на Пејсерс, кој на седум секунди до крајот погоди тројка.
Споменатиот Тејтум беше најефикасен поединец на натпреварот со 37 поени и осум скока.
Го следеше Џејлен Браун со 25 поени, шест скока и пет асистенции и Дерик Вајт, кој постигна 23.
Кај Индијана се истакнаа Матурин со 30 поени и 11 скока, а Сијакам со 29 поени, 11 скока и пет асистенции.
Ова е прв пораз за Бостон сезонава (4-1), додека Индијана има 2-3.
НБА, натпревари:
Хорнетс – Рапторс 138:133
Кавалирс – ЛА Лејкерс 134:110
Пејсерс – Селтикс 135:132 п
Сиксерс – Пистонс 95:105
Визардс – Хокс 133:120
Хит – Никс 107:116
Булси – Меџик 102:99
Гризлис – Нетс 106:119
Тандер – Спарс 105:103
Вориорс – Пеликанс 104:89
ЛА Клиперс – Блејзерс 105:106