Top Sport

(Видео) Шарлот со 55 поени разлика ја декласира Јута

Кошаркарите на Шарлот убедливо ја победија Јута со 150:95, изминатата ноќ во НБА лигата. Ова е втората најголема победа во историјата на франшизата и најубедлива на гостински терен.

Веќе по првата четвртина, беше јасно дека Јута Џез ќе доживее дебакл, гостите погодија апсолутно сè и го добија првиот период со неверојатни 45:14.

Јута не можеше да се опорави од тоа, а Шарлот само продолжи да ја зголемува својата предност, која достигна максимум +56 во текот на третата четвртина.

Хорнетс постигнаа дури 16 тројки во текот на првото полувреме, во споредба со само една на домаќините.

Најефикасни кај Шарлот беа Тре Мен со 20, Брендон Милер со 18, Ламело Бол со 17, Мајлс Бриџис и Колин Секстон со по 15, Џош Грин со 13, Рајан Калкбренер и Кон Кнуепел со по 12 и Муса Диабате со десет поени и десет скока.

Кај Јута најдобар беше Брајс Сенсебо со 26, односно Ајзеа Коли со 17 поени.

Резултати:

Кливленд – Минесота 146:134
/Мичел 28 – Едвардс 25/

Индијана – Мајами 123:99
/Е. Нембхард 29 – Хиро 21/

Детроит – ЛА Клиперс 92:98
/Робинсон 20 – Леонард 26/

Бостон – Сан Антонио 95:100
/Вајт 29 – Вембањама 21/

Чикаго – Далас 125:107
/Вајт 22 – Р. Нембхард 16/

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');