Top Sport

(Видео) Српскиот тренер еуфорично ја прослави првата победа во НБА лигата

Торонто Репторс со победа против Минесота (97:94), ја започна новата сезона, а триумфот имаше посебно значење за Дарко Рајаковиќ, човекот кој летово ја доби довербата од челниците на клубот да ја води единствената канадска франшиза во НБА.

Четириесет и четиригодишниот тренер од Чачак, првата победа во НБА лигата еуфорично ја прослави во соблекувалната. Кошаркарите на Торонто Репторс препознаа колку му значи триумфот и веднаш го полија со вода.

Тренерот потоа го пофали Денис Шрудер кој беше најефикасен во првиот натпревар од сезоната.

Scroll to Top