Top Sport

(Видео) Таварез со звукот на сирената му пресуди на Партизан

Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Партизан во Белград со 91:89 во 34. коло од Евролигата. Партизан ја заврши сезоната во Евролигата, а Реал со 20 победи и 14 порази е на петтото место.

Паризан во последниот меч сезонава во Евролигата пред своите навивачи ја имаше, но неколку грешки во финишот скапо го чинеа.

Најпрво Кампацо израмни за Реал, а потоа Љуљ погоди за водство на Реал (87:89), а на две секунди до крајот изедначи Карлик Џонс.

Се чинеше дека натпреварот оди во продолжение, но Чус Матео нацрта добра акција. Од аут Камапцо му додаде на Таварез, кој успеа да погоди.

Scroll to Top