Еден час пред почетокот на натпреварот за третото место во Евролигата, на трибините имаше се судрија навивачите на грчките клубови, Олимпијакос и Панатинаикос.
За време на загревањето на играчите на теренот, имаше инциденти на горниот прстен од салата во Абу Даби.
Видеата покажуваат како навивачите во зелени и црвени дресови започнаа со вербални навреди, а некои навивачи решија физички да се пресметаат.
Овој натпревар практично е неважен во резултатска смисла, екипите се индиспонирани по поразот во полуфиналето, но сепак станува збор за едно од најголемите ривалства во спортот.
Да потсетиме, во финалето, од 19:00 часот, ќе играат Фенербахче и Монако.
Επεισόδια μεταξύ οπαδών Ολυμπιακού και Παναθηναϊκού στην Etihad Arena pic.twitter.com/wRndtfqYtf
— SPORT24 (@sport24) May 25, 2025
— SPORT24 (@sport24) May 25, 2025