Top Sport

(Видео) Тепачка на кошаркарски натпревар во Франција

Кошаркарите на Монако го победија Дижон со 108:95 во натпревар што се мина во сенка на физичката пресметка меѓу играчите на двата тима.

Инцидентот се случи во самиот финиш од натпреварот, кога победникот веќе беше решен.

Во една ситуација под кошот, играчот на Монако, Хуан Бегарин, го удри кошаркарот на Дижон, Квентин Лозер, со тупаница во лицето од само нему познати причини.

Поради силата на ударот, центарот на гостите заврши со крв на лицето. Потоа тој експлодираше.

Во обид да возврати, сепак беше спречен од неговите соиграчи, но и од играчите на Монако, кои со навремена и трезвена реакција спречија понатамошна ескалација на тепачката.

Напнатата ситуација набрзо се смири и натпреварот беше доведен до крај.

Нема сомнение дека Бегарин го очекува строга казна од Кошаркарската лига на Франција за уличниот потег и насилството кон играчот на противничкиот тим.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');