Тепачка и седум исклучувања го одбележа натпреварот помеѓу Хјустон и Мајами во НБА лигата, кој гостите го добија со 104:100 Тензијата во мечот кулминираше на 30 секунди до крајот, кога по навидум безопасна ситуација, Амен Томпсон, бекот на Хјустон, го повлече Тајлер Хиро и го фрли на подот.
Тери „Скери“ Розер веднаш нападна Томпсон, соборувајќи го паркетот. Потоа на теренот влегоа играчите од клупите на двете екипи и успеаја да ги раздвојат тепачите.
Судиите исклучија шест кошаркари. Покрај Хиро и Томпсон, пред крајот натпреварот го напуштија и Џејлен Грин, тренерот Удока и неговиот помошник Бен Саливан, додека во соблекувалната замина и Розир. Само неколку минути претходно, исклучен беше и бекот на Хјустон, Фред Ван Флит. Гостите од Флорида го свртеа мечот во последната четвртина која ја добија со резултат 23:18.
Can't lose your composure like that… pic.twitter.com/5DDAWJldAy
— HEAT on FanDuel Sports Network (@FanDuelSN_Heat) December 30, 2024
Кај домашните Брукс постигна 22 поени, додека Џејлен Грин заврши со 19 поени. Мајами го предводеа Хиро со 27 поени и Никола Јовиќ со 18 поени, седум скока и шест асистенции.
На останатите натпревари се забележани следниве резултати: Бостон – Индијана 114:123, Оклахома – Мемфис 130:106 и Минесота – Сан Антонио 112:110.