Торонто Репторс кога никој не очекуваше ја прекина серијата од 15 порази. Репторс славеа во дуелот со Милвоки Бакс 117:111. Изминатата ноќ во НБА лигата драматични победи забележаа Далас Маверикс и Бостон Селтикс.
Без Јанис Адетокумбо, Милвоки не успеа да слави против еден од најлошите тимови во лигата. Демијан Лилард постигна 36 поени, но во последната минута кога се решаваше победникот не играше бидејќи ја направи шестата лична грешка.
На спротивната страна му се спротивстави Гери Трент со 31. Во тимот на Торонто Ар-Џеј Барет имаше 26, а Имануел Квикли заврши со 25 поени и 11 скокови.
Без својот најдобар играч Лука Дончиќ, Далас пред своите навивачи ги победи Голден Стејт Вориорс со 108:106. Херој на триумфот беше имаше Пи Џеј Вашингтон, кој го постигна победничкиот кош во самиот финиш на мечот.
Најефикасен во победничкиот тим беше и Пи Џеј со 32 поени, пет скока и три асистенции, а го следеше Кајри Ирвинг со 26 поени, 8 скока и 7 асистенции. Кај Вориорс најдобар беше Стеф Кари со 28 поени.
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) April 6, 2024
Возбудливо беше и во Бостон, каде Селтикси го победија Сакраменто Кингс со 101:100. Мечот го реши Тилман, кој му донесе победа на Бостон со флотер во последните секунди.
Причард со 21 и Порзингис со 20 поени и 11 скока беа најдобри кај домашните, а на гостите не им беа доволни Фокс со 40 поени и Сабонис со по 16 поени и скокови.
X gon' give it to ya 💪🏾
The vet stepped up and hit a big bucket in tonight's @JetBlue Play of the Game pic.twitter.com/fJ5o8SWhn4
— Boston Celtics (@celtics) April 6, 2024