Битката за МВП на НБА лигата се вжештува, а дилемата не ја реши ниту двата дуели меѓу Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер во рок од 24 часа.
Најпрвин Шеј доминираше со 40 поени во победата на Оклахома во неделата, а ден подоцна „Џокер“ одговори со 35+18+8 во триумфот на Денвер.
Јокиќ во коментар за МВП дуелот по неговиот настап рече дека „мисли дека ја игра најдобрата кошарка во животот“.
Неговиот тренер Мајкл Мелоун објасни зошто Јокиќ мора да биде МВП, по четврти пат во последните пет сезони.
„Мојата порака е следнава: ако не знаете дека Јокиќ има освоено три МВП награди и ја ставите нивната статистика на хартија, наречете ги Играч А и играч Б… Па, тој човек има трипл-дабл просек, тој е најдобар во три статистички категории во целата лига, никој никогаш не го сторил тоа. Па наградата МВП се освојува во десет од десет случаеви“, рече Мелоун.
Јокиќ има просек од 28,8 поени со 12,9 скока и 10,5 асистенции, а шутира 57,4 отсто од поле и 43 отсто од три поени.
Шеј водечки стрелец во лигата, додека Тандер се лидери на Западот, но Србинот е меѓу првите пет играчи во лигата во гореспоменатите три главни статистички категории, како и во украдени топки, а се втори на конференцијата.