Top Sport

(Видео) Центарот на Оклахома се онесвести среде натпревар

Кошаркарот на Оклахома сити Тандер, Бизмак Бијомбо се онесвести на натпреварот против Портланд.

Центарот на Тандер колабираше при тајмаут во првото полувреме. Падна на грб, по што му беше укажана помош и предвреме заврши во соблекувалната.

Ова беше петти натпревар за Бијомбо откако на 10 февруари пристигна во Оклахома.

Кошаркарот од ДР Конго, Бијомбо (31) ја игра 13. сезона во НБА лигата.

Scroll to Top