Top Sport

(Видео) Црвена звезда победи во Барселона, Партизан го совлада Бешикташ, Олимпијакос го декласира Реал

Драматичните победи на Црвена звезда и Партизан, односно рапсодијата на Олимпијакос против Реал го заклучија 13-то коло во Евролигата.

Кошаркарите на Црвена звезда славеа победа во Барселона, по едно продолжение, со 103:100.

Херој на црвено-белите беше Тајсон Картер, кој одигра најдобриот меч во кариерата, постигна 31 поен (7/10 за три поени).

Тој имаше голема поддршка од Џаред Батлер, кој постигна 16 поени, додека Џордан Нвора го заврши натпреварот со 13. Кристијан Колоко додаде 11 поени и три блокади, од кои последната беше врз Џастин Робинсон на 12 секунди до крајот.

На спротивната страна, Дарио Брисуела беше најефикасен кај Барселона со 22 поени, Џастин Робинсон додаде 21 и седум асистенции, а Џоел Пара постигна 18 поени (6/7 за три поени). Сепак, нивниот настап не беше доволен за каталонскиот тим да избегне пораз пред домашната публика.

Токму Пара предизвика мал инцидент на шест секунди до крајот, кога влезе во расправија со судиите, доби две тејнички и беше исклучен.

Победа по едно продолжение, но на домашен терен славеа и кошаркарите на Партизан. Тие го поебдија Бешикташ со 91:87.

Кајл Олман беше најефикасен со 18 поени, 2 скока, 4 асистенции, 2 украдени топки и една блокада, додека Карлик Џонс имаше 18 поени, 4 асистенции и 4 изгубени топки, Кевариус Хејс додаде 14 и 5 скока.

Бешикташ го предводеше Лони Вокер со 22 поени, а Скоти Вилбекин постигна 14 и имаше 10 асистенции.

Олман и Џонс во продолжението блеснаа со пет односно шест поени.

Во Атина, европскиот првак Олимпијакос го растури Реал со 92:76. Имаа црвено-белите и 26 поени предност во текот на натпреварот. Постигнаа 50 поени во првиот дел, во кој стакнаа предност од 17 поени.

Тајрик Џонс, индивидуално го одигра натпреварот на сезоната, заврши со 22 поени, осум скока, асистенција и три украдени топки, собирајќи го највисокиот индекс на корисност во победничкиот тим (30).

Еван Фурние постигна 17 поени (3/6 за три), Везенков 14, со седум скока.

Вкупно, играчите на Олимпијакос поделија 28 асистенции.

На другата страна, Тео Маледон беше убедливо најдобар со 17 поени, три скока и шест асистенции.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');