Џоел Ембид повторно беше мета на вербални напади од француските навивачи во пресрет на Олимписките игри во Париз.
Французите очигледно не го прифатија добро тоа што Ембид се реши да игра за репрезентацијата на САД. Ембид е роден во Камерун, доби пасош на Франција откако изрази желба да игра за оваа репрезентација, но откако доби француски пасош се премисли и се реши да настапува за Америка.
Наводно, Ембид му ветил и на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе игра за Франција на ОИ во Париз. .
„Врати го пасошот“, се слушаше меѓу навивачите додека Ембид влегуваше во тимскиот автобус.
Joel Embiid faces unwelcome reception in Paris, as fans voice displeasure over his choice to represent the USA 👀🇫🇷
Phrases like "Give back your passport" and "You should have played for France" were reportedly shouted at him.pic.twitter.com/YBbBEkgOqU
— BasketNews (@BasketNews_com) July 24, 2024