Три натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Победи забележаа Голден стејт Вориорс, Минесота Тимбервулвс и Мемфис Гризлис.
Вориорс гостуваа во Солт Лејк Сити, во државата Јута. Овој натпревар требаше да се одигра на 17 јануар, беше одложен поради смртта на помошникот на Стив Кар, Дејан Милојевиќ.
Вориорс ја победија Јута со 140:137, најмногу благодарение на неверојатната игра во втората четвртина, во која постигнаа 48 поени.
До победата Вориорс ги предводеше Клеј Томпсон, кој по 727 последователни натпревари како дел од стартната петорка, започна како резерва, што не му се случило уште од руки сезоната 2011/12.
Новата улога му „легна“ на Томпсон, го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната. Го предводеше тимот со 35 поени, шест скока и две асистенции и без загубена топка.
Кари заврши со само 16 поени и 10 асистенции, но освен Томпсон, најдобрата офанзивна партија сезонава ја имаше и Дрејмонд Грин, кој постигна 23 поени. Домаќините ги предводеа Колин Секстон со 35 и дебитантот Кејонте Џорџ со рекордни во кариерата 33 поени.
Подеднакво возбудлива завршница имаше во Мемфис, каде домашните Гризлис ги победија Милвоки Бакс со 113:110. Мемфис имаше девет поени предност во последната минута, но Бисли погоди две тројки ја намали разликата на три поени, но потоа Демијан Лилард не успеа да избори продолженија.
Зиаир Вилијамс и дебитантот Џеј Џеј Џексон, најмладиот играч во лигата, ги предводеа Гризлис со по 27 поени, додека 35 поени и 12 асистенции на Јанис Адетокумбо не беа доволни за Бакс. Ова е седми пораз за Милвоки во 10 натпревари откако тренерот Док Риверс го презеде тимот.
Во последната вечер пред Ол-стар викендот се одиграа само три натпревари, а на последниот Минесота го потврди лидерското место на Западот со убедливата победа во Портланд од 128:91, во која Ентони Едвардс постигна 34 поени.