Top Sport

Тадиќ: Пикси го обожува холандскиот фудбал, бара да играме атрактивно!

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија – Душан Тадиќ кој е еден од главните фудбалери во составот на Ајакс предизвика големо внимание во Холандија откако со Србија обезбеди пласман на СП притоа совладувајќи ја Португалија во Лисабон.

„Тоа е моја должност како играч и капитен. Да бидам тука кога е потребно. Сме победувале големи селекции и порано, но да ја победиш Португалија на свој терен – тоа е огромно достигнување“ изјави Тадиќ во интервју за „Де Телеграф“.

Тој порача дека еден ден сака да игра против „лалињата“.

„Ја сакам Холандија и би сакал еден ден да играм против вашата репрезентација затоа што не сум играл до сега. Не би сакал да се доведеме во ситуација да мора да се елиминираме едни со други. Нека биде во финале, ако мора“ смета Тадиќ.

Тој вели дека целта на Србија на Мундијалот е да победат некоја голема репрезентација.

„Ајде прво да ја поминеме групата, па тогаш се е можно. Селекторот Драган Стојковиќ не натера да веруваме дека Србија може да победи секого. Со тој став ги елиминиравме Португалците. Селекторот Стојковиќ го обожува холандскиот фудбал и неговата филозофија, затоа и бара од нас да играме офанзивен, атрактивен и креативен фудбал. Да бидеме доминантни со топката“ вели капитенот на „орлите“.

Scroll to Top