Top Sport

Вилдоса МВП за декември во Евролигата

Лука Вилдоса (27), кошаркарот на Црвена звезда, е најкорисен играч за декември во Евролигата.

Во последниот месец од 2022 година, Вилдоса имаше просек од 15,8 поени, со индекс на корисност од 17,7, што беше доволно за да го добие ласкавото признание за најкорисен играч во најелитното европско клупско натпреварување.

Аргентинскиот бек им помогна на црвено-белите од 4-6 да стигнат до 8-8 на крајот на декември.

За жал, тој се повреди во поразот на Црвена звезда од Барселона на 30. декември и ќе отсуствува од две до четири недели.

Вилдоса стана само вториот играч во историјата на Црвена звезда кој ја освоил наградата за МВП на месецот во Евролигата, откако тоа му успеа на Огњен Кузмиќ во јануари 2017 година.

Одличниот кошаркар од Мар дел Плата стана третиот Аргентинец што ја добил оваа чест, по Луис Скола (Басконија, декември 2006 година) и Факундо Кампацо (Реал Мадрид, април 2019 година).

Scroll to Top