Top Sport

Вили Ернангомез потпиша за Барселона

Кошаркарската секција на Барселона и покрај намалениот буџет и следната сезона ќе има силен тим. Барса повторно ќе биде еден од фаворитите за пласман на завршниот турнир.

Вили Ернангомез потпиша тригодишен договор со Барселона, откако Реал не го искористи правилото „тантео“. Реал имаше право да го ангажира Ернангомез до 12 јули на полноќ, но кога тој не го стори тоа, Барса ја искористи шансата.

Гиљермо Густаво Вили Хернангомез е играч формиран во помладите категории на Реал, а клубот го напушти во сезоната 2016/17 кога започна неговата НБА кариера. Претходно беше драфтуван од Филаделфија и играше за Њујорк Никс, Шарлот Хорнетс и Њу Орлеанс Пеликанс.

За седум сезони во најсилната лига на светот одигра вкупно 344 натпревари, во просек постигнуваше по 7,2 поени, а имаше и 5,5 скока. На претходниот Евробаскет ја освои титулата со Шпанија, ја понесе и титулата МВП на турнирот.

Scroll to Top