Top Sport

Вилијамс оди кај Џикиќ во Хапоел

Американскотo крило Дерик Вилијамс го заврши престојот во Атина и во тимот на Панатинаикос.

По заминувањето зборуваше дека Панатинаикос има големи проблеми, кои нема да може да ги реши ниту новиот тренер ергин Атаман.

Вилијамс експресно најде нов клуб. Ќе се пресели во Хапоел од Ерусалим каде тренер ќе му биде поранешниот македонски селектор Александар Џикиќ.

Вилијамс има богата европска и НБА кариера. Играше за Минесота, Сакраменто, Мајами, Њујорк, Кливленд и ЛА Лејкерс во НБА, а во Европа во Баерн, Фенербахче, Валенсија и Макаби.

Scroll to Top