Top Sport

Вилијамсон и Херис му откажаа на Грег Поповиќ

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Поповиќ, се соочува со сериозни проблеми пред почетокот на подготовките за Светското првенство во Кина.

Американците на Мундобаскетот нема да имаат ниту еден од кошаркарите кои имаат статус на мега-ѕвезди во НБА-лигата, откако први настапот го откажаа Ентони Дејвис и Џејмс Харден, по нив тргнаа Си-Џеј Мекалум, Ерик Гордон и Бредли Бил, а според медиумите во САД, од СП се повлекле и Зијон Вилијамсон и Тобајас Херис.

Вилијамсон, кој на драфтот пред еден месец беше избран како прв пик од Њу Орлеанс Пеликанс имал намера да се подготвува за деби сезоната во НБА. Еден час подоцна истата причина за откажувањето ја навел и крилниот играч на Филалдлефија, Херис.

Интересно со исклучок на Бредли Бил, сите останати „сакале да се подготвуваат за напорната сезона, во која имале големи индивидуални и тимски амбиции“.

Бил се откажал бидејќи сакал да биде со сопругата која требало да се породи кон крајот на август.

Слекторот Поповиќ на претходно објавениот список смета на: Херисон Барнс (Сакрманто), Андре Драмонд (Детриот), Демијан Лилард (Портланд), Кевин Лав (Кливлент), Кајл Лаури (Торонто), Крис Мидлтон (Милвоки), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон), Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Брук Лопез (Милвоки), Пол Милсап (Денвер), Донован Мичел (Јута), Џејсон Тејтум (Бостон) и Пи-Џеј Такер (Хјустон).

Медиумите во САД тврдат дека селекторот дополнително ќе ги повика играчите на Бостон Џејлен Браун и Маркус Смарт.

СП во Кина ќе започне на 31 август, а Американците се во група со Јапонија, Турција и Чешка.

Scroll to Top