Top Sport

Виртус ќе чека некој да се откаже од Евролигата

Првиот човек на кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња Лука Баралди рекол дека очекувал Евролигата да донесе одлука истите 18 тимови и наредната сезона да се натпреваруваат во елитата.

Евролигата вчера ја поништи сезоната и донесе одлука во ова натпреварување, во сезоната 2020/2021 да учествуваат тимовите кои ја започнаа прекинатата сезона.

„Потврдата да учествуваат истите 18 екипи е очекувана. Сега треба да видиме дали сите 18 клубови ќе го потврдат учеството. Наводно Панатинаикос има проблеми. Доколку сите го потврдат учеството тогаш ние нема да имаме никакви шанси“, рекол Баларди.

„Ние го пополнивме формуларот, кој ќе биде разгледан доколку некој се откаже од Евролигата“.

Баларди најавил дека поради финансиската криза очекува да има сериозни промени во тимот.

Scroll to Top