Top Sport

Георгиевски во тимот на сезоната

Репрезентативецот на Македонија во ракомет Гоце Георгиевски, во избор на тренерите во Романија е избран во идеалниот тим на сезоната.

Георгиевски, играч на ЧСМ Букурешт, доби најмногу гласови од тренерите на позицијата десно крило. Изборот за тимот на сезоната го организираше „Про Спорт“, а гласале 14 тренери.

Покрај Георгиевски во тимот на сезоната во Романија се најдоа уште Сеад Хиедарирад )голман Динамо Букурешт), Милан Котрч (лево крило, Баја Маре), Анте Кудуз (лев бек, Динамо Букурешт), Камел Алуини (среден бек Динамо Букурешт), Мариус Садовеак (десен бек, Темишвар) и Немања Грбовиќ (пивот, Стеауа)

Тренерите за МВП на лигата го избраа Хрватот Анте Кудуз од Динамо Букурешт.

Scroll to Top