Владо Шчепановиќ ќе биде поставен за нов тренер на КК Партизан, а наредните денови се чека официјализирање како наследник на Андреа Тринкиери на клупата на „црно-белите“ од Белград.
Информациите од Србија се дека 44-годишниот Шчепановиќ кој му беше помошник да носегашниот стратег на Партизан веќе ги договорил условите, а се очекува само потписот.
За него ова ќе е втор ангажман како прв тренер, откако кратко време беше на кормилото на Будуќност од Подгорица. Негов помошник ќе биде Владо Андроиќ кој е долгогодишен помошник на Жељко Обрадовиќ во Фенербахче.
„Црно-белите“ наголемо работат на склопување на тимот за следната сезона.
Близу се до потписот со плејмејкерот Немања Гордиќ, а во Партизан сигурно доаѓа екс-играчот на Звезда, Немања Дангубиќ.