Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја мина првата пречка на патот кон елитата на Јадранот. „Металците“ сервираа ‘слатка одмазда’ за Сутјеска, а добија огромна поддршка од фановите. Уште пожешка атмосфера ги очекува ривалите на следните дуели на МЗТ, затоа што избраниците на Александар Петровиќ сакаат да се вратат во АБА 1.
Фото: Игор Паневски