Top Sport

Во НБА „летаат“ боксови и на подготвителни натпревари!

Во НБА моментно во тек е Летната лига – натпреварување кое служи за тимовите да направат селекција на играчите. Синоќа имаше жестоки сцени на „пријателскиот“ дуел меѓу Сакраменто Кингс и Далас Маверикс.

Пред крајот на мечот Кингси водеа, а нивниот играч Чимези Мету тргна на атрактивно забивање. Додека тој беше во воздух, Јуџин Оморуи од противничкиот табор го оттурна. Мету веднаш реагираше и со раката го удри противникот во лицето.

Настана мешаница на теренот, а двајцата кошаркари беа исфрлени од игра.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');