Top Sport

Во знак на протест Шенгелија замина од ЦСКА

Грузиецот Торнике Шенгелија го напушти кошаркарскиот клуб ЦСКА од Москва. Шенгелија на ваков начин реагираше по рускиот напад врз Украина.

Руските медиуми објавија дека тој со семејството заминал во Шпанија, а од клубот порабал раскин на договорот.

„Донесов одлука веднаш по нападот на Украина. Не можам да играм за тимот на руската армија“, објави Шенгелија.

На овој начин ЦСКА, во финишот на сезоната остана без еден од најдобрите играчи. Грузиецот во 2020 година од Басконија се пресели во Москва.

Не познато дали тој кариерата ќе ја продолжи во Шпанија или ќе паузира до крајот на сезоната.

Сезонава во Евролигата, Шенгелија има просек од 12,7 поени, 4,7 скока, 2,5 асистенции и една блокада по натпревар.

Scroll to Top