Српскиот кошаркарски репрезентативец Немања Белица во продолжението на сезоната во НБА лигата ќе игра повремено и на центарската позиција во Сакраменто Кингс.
Додека Светислав Пешиќ ја предводеше белградска Црвена Звезда, Бјелица играше како плајмејкер, одличен беше потоа во Фенербахче и на позиција 3 и 4, а тренерот на „Кралевите“, Лук Волтон сега го гледа како „петка“.
„Да бидам искрен, понекогаш сакам да игра како `петка`. Посебно кога имам улога да го раширам теренот. Се чувстувам многу добро со Бади и Боги заедно на теренот. Се чувствувам комфорно. Ми се допаѓа тоа. Што и да сака Волтон да направи со менеи тоа да е најдоброто за тимот, јас ќе го направам“ – вели Бјелица.