Top Sport

Војдан Стојановски: Имаме добри шанси во оваа група

Македонија ќе игра против Шпанија, Грузија и Украина, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во следната фаза продолжуваат првопласираните три репрезентации. Првата фаза ќе се игра во ноември, февруари и јуни.

Капитенот на македонската репрезентација Војдан Стојановски е оптимист кога станува збор за шансите на нашиот национален тим во квалификациите за Светското првенство.

„Мислам дека не сме без шанси во оваа група. Од противниците, само Украина ќе биде комплетна, додека за Шпанија и Грузија нема да играат најдобрите кошаркари. Веројатно Украинците ќе ни бидат ривал за третото место. Таму полека се враќа популарноста на кошарката, домашната лига е се посилна, но сметам дека можеме да парираме и да ги победиме. Клучно ќе биде со кого играме во јунскиот прозорец бидејќи тогаш на располагање ќе бидат и евролигашките и НБА играчите“, изјави Стојановски за официјалната интернет страница на Кошаркарската федерација на Македонија.

Фото/kfsm.mk

Scroll to Top