Со години грчкиот кошаркарски плејмејкер, Костас Клукас е еден од најсилните адути на турски Фенербахче, но тренерот Жељко Обрадовиќ најверојатно идната сезона ќе биде без неговите услуги.
Во 2017 година Гркот потпиша договор со Фенер 2+1 сезони, а сега им најавил на челниците на Евролигашот дека нема да ја користи опцијата за дополнителна година, па на крајот на сезоната ќе стане слободен агент.
Голем број европски кошаркарски гиганти почнаа потера по Слукас, а Еврохопс пишува дека најдобрата понуда за организаторот на играта доаѓа од Барселона. Каталонците предводени од Светислав Пешиќ ги чека нова голема реконструкција на тимот, а Слукас, според Управата на клубот, е идеално решенија за таа чувствителна позиција.
Покрај Барса, и Реал Мадрид не ја отфрла можноста да го доведе грчкиот плејмејкер во своите редови.
Ситуацијата поврзано со Слукас ја следи и европскиот шампион, ЦСКА Москва, а фаворит од сенка за неговиот потпис е грчки Олимпијакос. Сепак „црвено-белите“ од Пиреја тешко дека може финансиски да им парираат на побогатите Евролигаши.