Top Sport

Атлетико го носи Санчез како замена за Гризман?

Шпанските медиуми објавија информација дека Атлетико Мадрид е во потрага по напаѓач по најавата за заминување на Французинот Антоан Гризман.

Според информациите, „јорганџиите“ се заинтересирани во Мадрид да го доведат Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед од кого „ѓаволите“ сакаат да се ослободат.

За година ипол колку што е на „Олд Трафорд“ Чилеанецот не одигра ништо вредно за Манчестер, па за очекува тој повторно да се врати во Шпанија.

Во Јунајтед заработува околу 28 милиони евра по сезона, па тоа е најголемиот проблем за заинтересираните клубови кои сакаат да го видат во своите редови.

Санчез во Европа, пред да се пресели на Островот (пред Јунајтед играше за Арсенал) настапуваше во редовите на Удинезе и на Барселона.

Scroll to Top