Top Sport

Војната во Израел го запре спортот

Поради нападот на Хамас врз Израел рано утринава, во земјата е прогласена воена состојба. Израелската влада ги стопираше сите спортски настани.

Израелските медиуми пренесуваат дека кошаркарските и фудбалските клубови веќе им дале дозвола на интернационалците од своите редови слободно да ја напуштат земјата.

Министерството за култура и спорт најави суспензија на сите спортски настани додека трае воената состојба откако членовите на палестинскиот Хамас истрелаа ракети врз цивили во земјата.

Натпреварот од фудбалскиот шампионат меѓу Макаби Ирони Рамат и Хапоел Беер Шева веќе е официјално одложен, а според одлуката на ресорниот министер ќе бидат одложени и сите преостанати натпревари од оваа рунда.

Локалните медиуми јавуваат дека некои странски играчи, кошаркари и фудбалери веќе почнале да го напуштаат Израел.

Некои од клубовите, како кошаркарскиот Хапоел Беер Шева, работат на тоа да ги извлечат своите играчи и нивните семејства од Израел.

Засега не е познато како целата ситуација ќе се одрази на Кошаркарскиот клуб Макаби, кој го започна натпреварувањето во Евролигата, во 1. коло го совлада Партизан, а сега го чека гостувањето во Милано (12 октомври).

Scroll to Top