Top Sport

Волкап ќе остане во Олимпијакос

Американскиот кошаркар Томас Волкап го продолжи договорот со Олимпијакос до 2027 година, објави грчкиот клуб на својата официјална веб-страница.

Волкап дојде во Олимпијакос во 2021 година и во првата година со грчкиот тим стигна до фајналфорот на Евролигата. Сезонава во најелитното европско натпреварување Волкап има просек од 8 поени, 2,8 скока и 5,8 асистенции.

Пред Олимпијакос, Американецот играше за Лудвигсбург и Жалгирис.

Scroll to Top