Top Sport

Вориорс без муниција против ЛА Клиперс (Видео)

Актуелните НБА шампиони, Голден стејт Вориорс, го забележаа вториот пораз на последните три натпревари. Вориорс, по едно продолжение, се поразени во Лос Анџелес, од Клиперс 121:116.

Двата тима беа израмнети во првото полувреме, а во третата четвртина Клиперс создадоа предност од девет поени. Вориорс се вратија во мечот, а во финишот Клеј Томпсон со тројка го израмни резултатот. Откако Лу Вилијамс не реализира два пада за Клиперс, Томпсон промаши тројка за победа.

Во дополнителните пет минути домашните играчи беа подобри и ја забележаа осмата победа во сезоната.

Лу Вилијамс со 25 поени ги предводеше Клиперс, 18 поени постигна Шаи Александер, а поен помалку реализираше Тобајас Херис.

Кевин Дурент на спротивната страна забележа трипл-дабл (33 поени, 11 скока, 10 асистенции), а Томпсон постигна 31 поен.

Scroll to Top