Top Sport

Вориорс ги декласираа Портланд, Драмонд ги приземји „ракетите“ (Видео)

По кратката пауза поради Денот на благодарноста во САД продолжија возбудувањата во НБА лигата. Шампионите Голден стејт Вориорс ја прекинаа серијата од четири порази, најдолга во ерата на тренерот Стив Кер. Вориорс славеа над Портлан Трејлблејзерс 125:97. Во највозбудливиот меч Детроит Пистон ги совладаа Хјустон Рокитс 116:111, по едно одиграно продолжение.

Вориорс и Трејблејзерс одиграа израмнето само во првата четвртина, а на полувреме домаќините имаа предност од 15 поени (59:44). Во третата четвртина разликата беше и преку 20 поени, по што Портланд целосн се предаде.

Блескаа Кевин Дурент и Клеј Томпсон со 32, односно 31 поен. Демијан Лилард со 23 и Јусуф Нурки со 22 поени и осум скока беа светлите точки кај Трејлблејзерс.

Ерик Гордон погоди за Хјустон во последните моменти за 98:98 и избори продолженија на мечот во Детроит. Продолжението сепак им припадна на домаќините 116:111. Тројца играчи на Пистонс постигнаа најмалку 20 поени и беа најзаслужни за триумфот, Блејк Грифин (28 поени, девет скока), Реџи Џексон (22 поени), а монструозна партија пружи Андре Драмонд со 23 поени и 20 скока.

Лејкерси предводени од Леброн Џејмс забележаа уште една победа. Лејкерс славеа над Јута Џез 90:83, а Џејмс имаше учинок од 22 поени, 10 скока и седум асистенции.

Резултати:

Њујорк Никс-Њу Орлеанс Пеликанс 114.109
Филаделфија ’76-Кливленд Кавалирс 112:121
Торонто Репторс-Вашингтон Визардс 125:107
Чикаго Булс-Мајами Хит 96:103
Оклахома Тандер-Шарлот Хорнетс 109:104
Милвоки Бакс-Феникс Санс 114.116
Денвер Нагетс-Орландо Меџик 112:87
Атланта Хоукс-Бостон Слетикс 96:114

Scroll to Top