Top Sport

Вориорс се главни на Западот (Видео)

Кошаркарите на Голден стејт Вориорс, во дербито, ги победија Денвер Нагетс 122:105 и веројатно го потврдија првото место во Западната конференција.

Нагетс се во лоша серија, имаат четири порази на последните пет натпревари и во однос на лидерите на табелата сега имаат две победи помалку.

Брилијантен натпревар за Вориорс одигра Клеј Томпсон, постигна 39 поени. Тој постигна девет тројки од 11 обиди. Стандардно добри беа Кевин Дурент (26 поени), Стеф Кари (17 поени) и Демаркуз Казинс (13 поени и по 6 скока, асистенции и блокади).

Денвер ги предводеа Маркиф Морис и Малик Бизли со по 17 поени, поен помалку реализира Никола Јокиќ кој имаше и 6 скока и четири асистенции. Целосно потфрлија кај Нагетс Џамал Мареј (11 поени, шут 4/11), Гери Херис 6 поени и Вил Бартон 5 поени, 9 скока (шут 2/11).

Scroll to Top