Голден стејт Вориорс, без најголемите ѕвезди, по лошиот старт влегоа во серија на победи. Откако на Божик го совладаа Хјустон, тие славеа и во дуелот со Финикс Санс. Синоќа победа забележаа и Милвоки Бакс и тоа без Јанис Адетокумбо.
Голден стејт Вориорс без Стеф Кари и Клеј Томсон одиграа натпревар кој потсети на славните времиња на оваа франшиза. Против Финис блескаа во последната четвртина во која постигнаа 39, а примија само 18 поени.
Последниот квартал им беше доволен на Вориорс да забележат победа 105:96. ДиАнџело Расел забележа 31 поен, пет скока и шест асистенции. Девин Букер го предводеше Финикс со 34 поени.
Милвоки го заборавија високиот пораз од Филалделфија, на победите им се вратија во Атланта 112:86. Без првиот играч Адетокумбо, Бакс, имаа предност од 23 поени веќе по првиот дел. Турчинот Ерсан Иљасова го одигра најдобриот меч од стартот на првенството (18 поени, 17 скока), а најефикасен беше Крис Мидлтон со 22 поени.
Мајами Хит во драматичен меч ги победија Индијана Пејсерс со 113:112. Поените за победа на Хит ги постигна Словенецот Горан Драгиќ на 6,9 секунди до крајот на мечот. Драгиќ мечот го заврши со 14 поени. Мајами до победата го предводеше Џими Батлер со 20 поени и девет скока.
Драматични победи синоќа забележаа Орландо Меџик над Филалделфија (98:97), односно Окалхома Тандер над Шарлот Хорнетс (104:102).