Top Sport

Вориорс со пресврт до предност 2-0 во серијата со Портланд (Видео)

Кошаркарите на Голден стејт Вориорс за уште еден чекор се доближија до големото финале во НБА лигата. Ајтуелните шампиони водат со 2-0 во финалето на Западот против Портланд Трејлблејзерс. Вориорс вториот меч од оваа серија го добија со 114:111.

Портланд имаа, но не ја искористија шансата да направат брејк во „Оракл арена“ во Оукленд. Блејзерси имаа предност од 17 поени во текот на првото полувреме, водеа со 16 поени (69:53) на почетокот на третата четвртина, а на четири минути до крајот на мечот водеа со разлика од осум поени. Имаа Блејзерс и шут за израмнување но Грин му украде „жива“ топка на Демијан Лилард.

На крајот пресуди шампионското искуство на Вориорс, кои благодарение на Стеф Кари и Дрејмонд Грин не дозволија брејк. Портланд не успеаја да победат иако блескаа во шутот за три поени, погодија 18 тројки од 39 обиди.

Стеф Кари ги предводеше Вориорс со 37 поени, 8 скока и 8 асистенции, Клеј Томпсон постигна 24, Дрејмон Грин заврши со 16 поени, 10 скока, 7 асистенции и 5 блокади, а одличен натпревар одигра и Кивон Луни кој не промаши од игра (14 поени, 7 скока).

Лилард за Портланд реализираше 23 поени, 5 скока, 10 асистенции, поен помалку постигна Си Џеј Мекалум, а братот на Стеф Кари, Сет мечот го заврши со 16 поени, 2 асистенции и 4 украдени топки.

Scroll to Top