Top Sport

Воронцевич замина од ЦСКА

Искусниот руски кошаркар Андреј Воронцевич (32) ги напушти редовите на ЦСКА Москва. Воронцевич на 19 годишна возраст од Новосибирск пристигна во Москва, со „армејците“ три пати ја освои Евролигата (2008, 2016, 2019).

„Човек рекорд, ти благодариме Андреј! Патот што го мина во дресот на ЦСКА беше долг и успешен“, напишаа од ЦСКА на својот профил на „Твитер“.

Покрај трофеите во Евролигата, Воронцевич седум пати бил шампион на Русија со ЦСКА, а осум пати ја освојувал ВТБ лигата.

Во 2015 година бил МВП на финалната серија и најдобар дефанзивец во ВТБ лигата.

Scroll to Top