Легендарниот српски кошаркарски стручњак, Душко Вујошевиќ ја анализираше актуелната ситуација во српската кошарка. Импакт стави на неуспехот на селекцијата на Србија да обезбеди пласман на ОИ во Токио, а еден од најголемите виновници за тоа, според него, е отсутниот Никола Јокиќ – ѕвездата на Денвер Нагетс.
„Најголеми виновници се кошаркарите, и оние кои дојдоа на повикот, но и тие кои одбија. Секако дека и Јокиќ е виновен, човек има обврска кон својата земја во која е роден. Таму направи фантасична кариера, но успехот обврзува. По тамошниот успех тој е идол во својата земја, како не почувствува обврска да дојде со мотив да ги `повлече` соииграчите“ рече Вујошевиќ.
Тој за српските медиуми даде свој коментар и за работата на селекторот Игор Кокошков.
„Тој има големо теоретско знаење, а знаењето мора да се поклопи со искуство и енергија. Една од способностите е да ги натера играчите тоа да го применат. Тоа му недостасуваше на овој турнир“ рече Вујошевиќ па повторно се наврати на случајот „Јокиќ“:
„Јокиќ малку аутистично се однесува. Не може да го бранат оние кои имаат најголема обврска да произведат еден дел желба кај него за да игра за репрезентацијата. И од Сојузот имаат дел од одговорноста“.