Кошаркарскиот свет е потресен од смртта на легендарниот тренер, Душан Дуда Ивковиќ. Тренерот кој се пензионираше во 2016 година, три пати бил европски и еднаш светски првак со Југославија, два пати бил европски шампион со Олимпијакос. Ивковиќ, почина утрово во шест часот и 50 минути од бида во белите дробови и херпес.
Поранешниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ, во шок од смртта на големиот пријател, во интервју за „ТВ Прва“, открил дека Ивковиќ добил инфекција од гулабите.
„Знаев дека има некакви проблеми, дека од гулабите добил инфекција. Тие беа негова страст, знаев дека имаше проблеми и со херпесот. Никогаш не знаеш што ти носи утре. Тоа е демонот кој се вика утре“, рекол Вујошевиќ.