Top Sport

„Апсурд е дека Новак се исплаши од победата“

Во светот на тенисот главна тема се уште е поразот на Новак Ѓоковиќ во финалето на Ју-ес опен. Србинот пропушти шанса да го комплетира календарскиот гренд слем. Последен кој успеал да го оствари овој подвиг е Род Лејвер во далечната 1969 година.

Ѓоковиќ, во финалто загуби со 3:0 од Данил Медведев, кој прв пат во кариерата освои гренд слем трофеј.

Си исплаши ли Новак од победата или едноставно го одигра најлошиот меч во кариерата?

„Апсурд е да се тврди дека Ѓоковиќ се исплаши од победата. Тоа е смешно. Се шегувате? Она што тој го направи е епско достигнување. Дали играше најдобро што може во финалето? Не. Меѓутоа, стравот не е причината. Имаше три натпревари: Беретини, Зверев, Медведев. Ја имаше најтешката ждрепка. Не можете да го критикувате човекот кој победил на 27 од последните 28 мечеви на гренд слем турнирите“, рекол поранешниот австралиски тенисер, специјалист за дубл, Тод Вудбриџ.

Вудбриџ во кариерата освоил две титули во сингл, најдобро пласиран на АТП листата бил на 19.место. Во дубл беше еден од најдобрите во светот, освоил 16 гренд слем титули, девет од нов на Вимблдон.

Scroll to Top