Реал Мадрид се знават во АЦБ лигата ја започна со тешка победа над Бургос (70:63). Пабло Ласо, долгогодишниот тренер на Реал, неколку пати го искажа бесот, поради грешките кои ги правеа неговите играчи.
На крајот цехот го плати најмладиот во тимот, Тирстан Вукчевиќ.
„Јас сум будала што те оставив на теренот…“, му викал Ласо на младиот кошаркар во еден тај-аут.
Тристан Вукчевиќ има неполни 19-години, неговиот талент го споредуваат со оној на Лука Дончиќ.
Она што е интересно е што Вукчевиќ можел да бира помеѓу пет национални тимови. Неговиот татко Душан Вукчевиќ е поранешен репрезентативец на Србија, Тристан е роден во Италија, кога неговиот татко бил играч на Монтепаски Сиена .
Мајката на Тристан е од Шведска, а бидејќи неговиот татко Душан има и грчко државјанство бидејќи четири години играл во оваа земја.
Бидејќи живее во Шпанија, Тристан Вукчевиќ, наскоро очекува да добие и шпанско државјанство.
"¡Soy gilipollas porque te dejo en el campo!"
Pablo Laso a Tristan Vukcevic. #ListosParaRomperla pic.twitter.com/ZAVyJq03hY— Basket en Movistar+ (@MovistarBasket) September 19, 2021